Дипломатска иницијатива на АСЕАН за спорот со Кина

Од:

Еден ден пред најавената посета на високиот кинески дипломат Јанг Јиечи на Ханој, при што ќе се разговара за затегнатоста на односите меѓу Кина и Виетнам, предизвикани по антикинеските протести во земјата, во повеќето држави на АСЕАН, во медиумите блиски до властите, се појавија текстови во кои се бара поголем ангажман на Асоцијацијата во решавањето на споровите за сувереност над водите на Јужното Кибеско Море.

Сингапурскиот министер за надворешни работи Шанмуган изјави дека АСЕАН, составен  од 10 држави во регионот, не смее да остане тивок и дека треба да има поголема улога во решавањето на споровите што со Кина ги имаат државите од регионот. Според него, и Кина има интерес да оддржува пријателски врски со  „неутрален, но цврсто обединет АСЕАН’’.

Слична содржина имаат и пораките објавени во денешниот „Брунеи Тајмс’’ во текст на еминентен аналитичар од регионот, кој бара АСЕАН да изврши притисок Кина да го прифати Кодексот на однесување во Јужното Кинеско Море.

Во дипломатски кругови во Џакарта се смета дека нагласувањето на потребата АСЕАН да има поголема улога во се понагласените спорови со Кина не се само иницијатива од Асоцијацијата и дека во нив влог има и кинеската дипломатија.

Се потсетува дека по ескалацијата на недоразбирањата околу сувереноста на Јужното Кинеско Море, од април месец наваму, САД најавуваат поголемо воено присуство во регионот, особено на Филипините. Американското присуство во регионот на АСЕАН, воено и полтички се намали од почетокот на ова столетие, што се толкуваше како преокупираност  на САД со запаниот дел на азискиот континент.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Со автомобил влетал во толпа луѓе: 35 загинале, 43 се повредени

Суперсилите ги здружија силите: Кина и Русија договорија заедничко делување за стратешки прашања

(ВИДЕО) Во Кина автомобил влета во толпа пред стадион, има повредени