Дилма Русеф не размислува за оставка, туку за дијалог со критичарите

Од:

Бразилската претседателка Дилма Русеф вети дека ќе разговара со своите критичари и дека во ваква ситуација нејзината влада мора да отвори дијалог со општеството, пренесе „Франс прес“.

Најавувајќи „политички реформи од широк обим“, таа апелира државата да се обедини, а партиите да посветат внимание на зголемениот гнев на улиците.

Според наводите на медиумите во недела речиси милион луѓе излегле на улиците со цел да побараат оставка од претседателката, поради лошата економска состојба во државата и бројните корупциски скандали за кои ја обвинуваат.

Протестите ширум Бразил се случуваат во момент кога државата се соочува со политичка и економска криза, како и со корупциски скандал во државната енергетска компанија Петробрас.

Инаку Русеф е поранешен борец на бразилската герила против воениот диктаторски режим, кој во државата владеел од 1964 до 1985 година.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Глупоста е бесконечна: Бразилка мислела дека се допишува со Маск, му испратила пари за авионско гориво

А1он

Во Бразил клонирана втората најскапа крава во светот

А1он

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он

Бразилскиот претседател Лула да Силва е отпуштен од болница

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски