Бразилската претседателка, Дилма Русеф по победата во вториот круг на претседателските избори ги повика сите Бразилци да се обединат поради иднина на државата.
-Ги повикувам сите Бразилци, без исклучок да се обединат поради иднината на Бразил – рече таа пред приврзаниците на нејзината Работничка партија во Бразилија.
Како што пренесе „Ројтерс“, Русеф нагласила дека од сега сака да биде многу подобра претседателка и дека нејзин приоритет ќе бидат политичките реформи и ветила дека со Конгресот ќе соработува за промени кои ќе ги бара државата.
Врз основа на 99,66 преброени ливчиња, Русеф освоила 51,4 проценти од гласовите, додека опозицискиот кандидат, Аесија Невиса 48,4 проценти.
-И реков дека приоритет би требало да биде обединување на Бразилците околу проектот на чесност, кој ќе донесе достоинство на сите Бразилци – изјави Невиса, признавајќи го поразот, пренесе „Франс прес“.
Инаку Работничката партија на Русеф е на власт веќе 12 години и за тоа време благодарение на програмите за социјална помош, милиони луѓе излегоа од сиромаштијата во државата.
Е. Г.