Дигиталните пасоши се фокусирани на слободното движење внатре во ЕУ

Од:

Од Европската комисија денеска прецизираат дека целта на предлогот за дигитални пасоши е да се олесни движењето внатре во Европската Унија, без гаранции за третите земји, јави дописничката на МИА од Брисел.

Кристијан Виганд, портпарол на Европската Комисија, изјави дека Европската Комисија ќе се осигура дека предлогот кој се очекува на крајот на оваа недела ги почитува сите меѓународни стандарди, но примарна цел не е отворањето на границите кон земјите вон ЕУ.

-Сакам да истакнам дека целта на сертификатите е да се олесни безбедното движење во ЕУ, тие нема да донесат нови рестрикции, нема ништо да забранат, ќе ги направат работите полесни, ги гледаме и третите земји и во контакт сме со меѓународни тела како Светската здравствена организација за да се зема предвид интероперабилноста и меѓународните стандарди, но предлогот е фокусиран на слободното движење внатре во ЕУ, изјави Виганд.

Земјите од западниот Балкан, кои во голем дел се ослонуваат на руската и кинеската вакцина за излез од здравствената криза, изразија загриженост дека предлогот на Европската Комисија за дигитални сертификати за вакцинација нема да ги признаат вакцините кои не се одобрени во ЕУ.

Ова го сугерираше и еврокомесарката за внатрешни работи, Илва Јохансон неодамна.

Европската Комисија на крајот на оваа недела треба да излезе со овој долгоочекуван законски предлог за дигитални сертификати. Овие “пасоши“ ќе имаат за цел да го олеснат патувањето внатре во ЕУ преку приложување доказ за вакцинација или доказ за негативен ПЦР тест во случај на лица кои не можеле или не сакале да се вакцинираат.

Би можело да ве интересира

Лавров: Зеленски стана нацист, а Европа сака борбите да продолжат

Трамп: Треба повеќе да се грижиме за мигрантите, да не завршиме како Европа

Европа има три недели да се договори за условите за капитулација на Украина

Орбан: Европа не е тоа што беше, иднината е во другите региони

„Билд“: Американските војници се повлекуваат од Европа

Мрачна прогноза на Медведев за Европа

Горан Наумовски