Девојче исчезна во Тексас на пат кон училиште, нејзиното тело е пронајдено во река

Од:

Полицијата вчера го пронајде телото на Аудрија Канингем, 11-годишното девојче кое исчезна на пат кон училиште, во реката Тринити, Тексас.

„Го пронајдовме нејзиното тело во реката, под автопатот 59“, изјави шерифот на округот Полк Бајрон Лајонс.

Окружниот обвинител Шели Ситон на прес-конференција изјави дека се подготвува налог за апсење на Дон Стивен Мекдугал (42), кој моментално е во притвор. Тој беше уапсен во петокот по други обвиненија.

Полицијата засега не дава детали за убиството на девојчето, освен дека се чекаат резултатите од обдукцијата. Мекдугал, пријател на таткото на Одри, има долго криминално досие. Во 2007 година, тој беше осуден за „примамување дете во округот Бразорија, Тексас“. Тој беше осуден во 2010 и 2019 година за тежок напад со смртоносно оружје, пишува Си-Ен-Ен.

За време на исчезнувањето на девојчето, во потрагата се вклучил и Мекдугал, кој тропал на вратите на мештаните и прашувал дали ја виделе. Минатата недела тој на социјалните мрежи изјави дека е невин.

“Бев таму, ме испрашуваа. Не бегам ниту се кријам. Направив се што можев да ја најдам. Не направив ништо лошо. Отидов и тропнав на вратите за да добијам информации”, напиша тој.

Мекдугал живее во приколка на семејниот имот и понекогаш ја носеше Аудри до автобуската станица, рече шерифот. Нејзината куќа се наоѓа во близина на езерото Ливингстон. Мекдугал и Одри ја напуштија куќата кон станицата околу 7 часот наутро во четвртокот.

Но, таа не се качи во училишниот автобус или не стигна до училиште. Во петокот, полицијата го пронашла нејзиниот ранец во близина на браната на езерото, на околу 8 километри од местото каде што подоцна било пронајдено нејзиното тело.

Би можело да ве интересира

Повеќе од 100 пожарникари се борат со шумскиот пожар во Јута

САД: Ќе работиме со Северна Македонија и Грција да го одржaт Договорот од Преспа

Во САД се пронајдени 200 деца кои се бараа како исчезнати

Горан Наумовски

Американските бази во Европа во состојба на готовност поради можни терористички напади

Во Грција е активиран „Амберт алерт“, киднапирано е девојче

Вашингтон пост: Од почетокот на војната, САД му дадоа на Израел 6,5 милијарди долари помош

Горан Наумовски