Деветмина загинати во самоубиствен напад во Авганистан

Од:

Најмалку девет лица загинаа, а 18 се повредени во самоубиствен напад извршен денеска за време на погреб во северниот дел на Авганистан, соопштија локалните власти.

– Напаѓачот го активирал експлозивот додека се наоѓал меѓу луѓето, кои присуствувале на погреб во дистриктот Бурка, изјави шефот на полицијата на провинцијата Баглан, Аминулах Амаркли.

Според првичните извештаи, загинале девет лица, меѓу кои и двајца полицајци, додека 18 се повредени.

Управникот на дистриктот, Таџ Мохамад Таква го потврди бројот на жртвите, додавајќи дека мета на нападот веројатно биле високи функционери од полицијата и членови на провинцискиот совет, кои присуствувале на погребот.

Овој инцидент се случува по серијата терористички напади, кои во последно време се извршени во Кабул, поради што се стравува дека Авганистан би можел да биде зафатен он нов бран на насилство.

Би можело да ве интересира

„Волстрит журнал“: САД и Талибанците преговараат за размена на затвореници

Горан Наумовски

Талибанците имаат нова забрана за жените

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски