Деветмина загинаа во израелските напади врз Иран, убиен е и нуклеарен научник

Од:

Најмалку девет лица денеска се убиени, а четири куќи се уништени во напад врз градот Астане-је Ашрафије во северната иранска покраина Гилан, потврдија локалните власти.

Во соопштението од канцеларијата на гувернерот се вели дека уште 33 лица се повредени, опишувајќи го нападот како „терористички“. Заменик-гувернерот рече дека меѓу загинатите и повредените има 16 жени и деца.

Иранските медиуми објавија дека нападот го извршила израелската војска, иако официјален Израел сè уште не ги коментирал тврдењата. Некои медиуми објавија дека меѓу загинатите е иранскиот нуклеарен научник Мухамед Реза Седики.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) во извештај соопштија дека „елиминирале уште еден високо рангиран ирански нуклеарен научник преку ноќ“, но неговото име сè уште не е официјално објавено.

Би можело да ве интересира

Како Израел и САД ги ликвидираат иранските шефови?

А1он

Иран се закани: Ќе гори Блискиот Исток

Горан Наумовски

Дрон ја погоди американската амбасада во Багдад

Иран: Заробивме американски шпиони

Сар: Израел веќе ја доби војната со Иран

Израел: Убивме ирански министер