Деветмина ранети на матурска забава

Од:

Девет лица се повредени денеска на забава по матурската вечер во градот Џаспер, во американската држава Тексас, соопшти полицијата на округот.

Полицијата на местото на настанот пронајде девет жртви со прострелни рани, но ниту една не била опасна по живот, објави Си-Би-Ес Њуз.

По престрелката се сослушани неколку осомничени.

– Немаше инциденти на матурската вечер, изјави за Си-Би-Ес началникот на независниот училишен округ Џаспер, Остин Џон Сиболд.

„Прво, сакаме да кажеме дека нашите молитви се со оние кои беа повредени денеска во престрелката што се случи во северниот дел на градот. Сакаме да ги изведе сторителите пред лицето на правдата. Во училиштето оваа недела ќе има поголемо полициско присуство за да се обезбеди безбедноста на учениците, а ќе има и советници-психолози кои ќе му помогнат на секој на кој ќе му треба помош“, рече Сиболд.

Џаспер се наоѓа во источен Тексас, на околу 60 километри од границата со Луизијана.

Би можело да ве интересира

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина