Деветмина починати во Канада од прекумерна употреба на лекот „Фентанил“

Од:

 Девет лица починале во рок од само 24 часови во канадскиот град Ванкувер, од прекумерна употреба на лекот „Фентанил“, соопшти градоначаникот Грегор Робертс.

– Ова се навистина очајнички времиња за овој град, истакна Робертс.

Тој предупреди дека бројот на починатите во следните часови може да биде уште поголем, затоа што „засега не се гледа до каде може да достигне смртоносниот биланс“.

„Фентанил“ е исклучително силен лек против болки и лекарите го препишуваат во случаи на тешки хронични болки кај некои пациенти или кога другите лекови против болки, не може да ја смират болката.

Лекот дејствува на тој начин што го „блокира движењето“ на болката кон мозокот, но притоа предизвикува и бројни контраиндикации, како тешки проблеми при дишењето.

Лекарите предупредауваат дека ризикот по здравјето и животот е многу висок, ако се зема неконтролирано, или ако се прекорачи пропишаната доза.

Само два милиграми од „Фентанил“ кои се еднакви на четири зрна сол, се доволни да се убие возрасен човек.

Покрената е истрага во Ванкувер околу смртта на сите овие лица.

Полицијата побара помош од јавноста во справувањето со проблемот со растечкиот број  зависници, главно млади луге,  кои земаат големи количеста лекови против болки и кога немаат болови.

Деветмината починати се откриени во источниот дел од градот, каде се верува дека можело лесно да се добие овој опасен  лек и без рецепт и лекарска контрола.

Во текот на еден месец, во Ванкувер се регистрираат и по 15 случаи на прекумерно дозирање со лекови против болки, со по десетина починати.

Од прекумерно земање на разни лекови во Канада годишно умираат преку две илјади лица. 

Би можело да ве интересира

Канада ја прогласи Иранската револуционерна гарда како терористичка организација

Пукање во Торонто, тројца мртви, меѓу нив e и убиецот

Канаѓаните се предупредени: Не користете TikTok

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Четворица загинати предизвикана од ограбувач на банка во Торонто

Во Отава: Шест лица се убиени во куќа, меѓу кои четири се деца

Горан Наумовски

Тела на три деца и две жени пронајдени во Манитоба