Девет лица загинаа во авионска несреќа во Шведска

Од:

Девет лица загинаа кога мал авион се урна во близина на градот Умеа, велат шведските медиуми, цитирајќи ја локалната полиција. Властите потврдија дека во несреќата нема преживеани.

Во авионот имало падобранци, а се урнал во реката пред Умеа во северна Шведска во 14:09 по локално време, објавија шведските медиуми.

Очевидците на немилиот настан рекоа дека слушнале гласен “тресок” пред авионот да се урне.

Службите за итна помош работат на локацијата. Пожарникарите исто така пристигнаа на местото на настанот, бидејќи авионот е полн со керозин.

Би можело да ве интересира

Поради пожар, авион на Јунајтед ерлајнс беше принуден принудно да слета

Повеќе од 10 рачни гранати биле пронајдени во ранецот на 15-годишно момче во Малме

Шведска реновира десетици илјади засолништа низ целата земја

Се урна руски воен авион Су-25

Се урна авион во близина на Белград, пилотот е извлечен од вода

Уште двајца повредени во пожарот во Кочани се транспортирани во болница во Шведска