Во несреќа која што се случи денес, на северниот дел на Перу, загинаа девет лица на една рударска компанија.
Компанијата „Retamas”, сопственик на авионот соопшти дека загинале седум нивни вработени лица, а полицијата наведе дека починале и пилотот и копилотот.
Несреќата се случила кога авионот под влијание на лоши временски услови, пред слетување удрил во електрични далеководи.
Компанијата е една од десетте водечки произведувачи на злато во Перу, шесттата држава во светот по производство на злато.