Девет цивили убиени во престрелка меѓи индиски и пакистански војници во Кашмир

Од:

Девет цивили беа убиени во артилериска и минофрлачка престрелка меѓу индиски и пакистански војници во спорната хималајска област Кашмир, соопштија официјални извори.

Во инцидентот се ранети 35 лица од индиската страна на границата и тројца од пакистанската.

Десетици илјади локални жители избегале од своите домови.

Двете страни меѓусебно се обвинуваат за тоа кој прв отворил оган.

Откако стекнаа независноста од Велика Британија во 1947 година, Индија и Пакистан контролираат дел од Кашмир. Секоја од двете страни, меѓутоа, има претензии врз целата  област.

Би можело да ве интересира

Имран Кан e осуден на 14 години затвор

Горан Наумовски

Индија може да се подели на два дела

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Индија

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски