Сонот на 7-годишниот Заид Мохсен, се исполни. Се запозна и се фотографираше со неговиот фудбалски идол-Кристијан Роналдо.
Роналдо го повика детето и неговиот татко Осам Абдула на фудбалскиот натпревар Реал Мадрид-Гранада. Заид се прошета по теренот со Роналдо, а се обиде и да имитира некои трикови на фудбалската ѕвезда.
Заид е она момче кое го спрепна камерманката на унгарската телевизија Н1ТВ, додека бегаа од полицијата со татко му во прифатниот центар Реске.
На снимките се гледаше како Петра Ласло го спрепнува човекот во трчање додека носи дете во раце, а потоа како шутира бегалци. За оваа снимка таа доби отказ.