Најмалку десет луѓе загинаа откако двајца терористи активираа бомби во банка во авганистанската провинција Хелманд, јави ДПА.
– Двајца други напаѓачи се уште се во престрелка со полицијата, изјави Омар Звак, портпарол на полицијата во таа провинција.
Тој додаде дека во објектот на Кабул банката се уште има вработени и клиенти поради што е отежната акцијата на полицијата.