Десет луѓе се прегазени, а 120 повредени во Луанда, главниот град на Ангола, откако се обиделе да влезат на преполниот стадион, каде една христијанска црква организирала бдеење.
– Настраданите, меѓу кои има четири деца, биле прегазени на влезните врати од стадионот „Ситадела деспортиво“, каде Универзалната црква на кралството божјо ноќта во понеделникот организирала бдеење, изјави портпарол на службите за вонредни ситуации.
Еден од бискупите на оваа црква истакнал дека нивните очекувања биле на собирот на присуствуваат околу 70.000 луѓе, но нивниот број бил многу поголем.
Универзалната црква на кралството божјо е пентекостна христијанска црква, која посебно значење му дава на влијанието на Светиот дух, а е основана во 1977 година во Бразил. Има околу осум милиони следебеници и присутна е во повеќе земји ширум светот.