Десетина илегални имигранти, што се обидувале по море да стигнат до Италија, се удавиле откако нивниот чамец се превртел до јужниот дел на Средоземното Море, соопшти италијанската крајбрежна стража.
Несреќата се случила вчера на 80 километри северно од Либија. Во чамецот имало 130 лица. Брод на крајбрежната стража успеал да спаси поголем дел од имигрантите, додека од водата биле извадени десетина трупови.
Бродот на крајбрежната стража веќе пренесувал 318 мигранти, спасени вчера во претходна операција.
Во период од 24 часа во седум операции се спасени вкупно 941 имигрант, вклучително 30 деца и 50 жени.