Десетици удавени имигранти во потонат брод кај Сицилија

Од:

Најмалку дваесет лица се удавија во водите на Медитеранот, кога бродот со илегални имигранти потона јужно од италијанскиот остров Сицилија.

Во соопштението на хуманитарната организација „Спасете ги децата„ нема објаснување за причините за уште една поморска катастрофа оваа година, освен дека дел од преживеаните скокале во морската вода, кога забележиле дека се приближува брод за спасување.

Овој брод подоцна ги префрлил преживеаните до сицилијнскиот град Катанија.Во оваа прва информација од хуманитарната организација нема сознанија за тоа колкумина биле спасени.

Најмалку 1750 лица, се удавија во водите на Медитернот, во првите четири месеци оваа година, при обидот на илегални имигранти од Африка и земјите од Блискиот Исток, да се префрлат од Либија до италијанскиот брег и до Европа, во најчесто претоварени и неприлагодени бродови и поголеми чамци.

Бројот на удавените имигранти годинава е 20 пати поголем во споредба со првите четири месеци во 2014 година.

Би можело да ве интересира

Грчки граничар е ранет во престрелка во близина на грчко-турската граница

Во верижна сообраќајка во Италија, едно лице загина, 17 се повредени

Горан Наумовски

Земјотрес во Кампанија, потресот предизвика паника во Неапол

Италијански полицајци бркале Романци низ цела Словенија

Италија бара од Гугл една милијарда евра неплатени даноци

Извлечени уште 14 тела по бродоломот на мигрантскиот брод кај Калабрија