Десетици ученици во Мексико затруени со непозната супстанца

Од:

Најмалку 57 ученици се затруени со непозната супстанца во средно училиште во јужната мексиканска држава Чиапас, соопштија локалните власти.

Според мексиканските медиуми, ова е трето масовно труење во училиште во Чиапас во изминатите две недели, што предизвика страв и гнев кај учениците и нивните родители.

Мексиканскиот институт за социјално осигурување соопшти дека 57 тинејџери од училиште во државата Чиапас биле примени во локална болница со симптоми на труење.

„Еден од учениците е во ‘деликатна’ состојба и е префрлен во болница во главниот град на државата, додека состојбата на другите е стабилна“, се наведува во соопштението на Институтот.

Властите одбија да шпекулираат што го предизвикало труењето, но локалните новински агенции соопштија дека некои родители верувале дека учениците дошле во контакт со загадена вода или храна. Откако во локалните медиуми и социјалните мрежи се појавија информации дека некои ученици биле позитивни на кокаин во крвта, обвинителството соопшти дека направило 15 токсиколошки тестови, од кои сите покажале негативни резултати за присуство на забранети супстанции. Канцеларијата на државниот обвинител соопшти дека ќе продолжи да ги тестира учениците, но не одговори на прашањата за претходните случаи на труење во Чиапас.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Драма во Ниш: Осум лица отруени со амонијак, имаат респираторни проблеми и главоболки

Трамп ги одложи царините за Мексико

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски

Претседателката на Мексико нареди контратарифи на одлуката на Трамп

А1он

Трамп: Царините од 25 отсто за Канада и Мексико ќе стапат на сила утре

Трамп испрати уште 1.500 војници на границата со Мексико