Десетици убиени во напад на католичка црква во Нигерија

Од:

Десетици луѓе загинаа денеска во напад на католичка црква во Нигерија, јави ДПА.

Вооружени лица влегле во храмот во јужниот град Ово и почнале да пукаат врз верниците, соопштија властите.

Тие не дадоа конкретни бројки, но локалниот весник објави дека има најмалку 28 загинати. Други медиуми споменуваат 50 жртви.

Џихадистичките групи изведоа голем број крвави напади врз цркви во последните години во доминантно муслиманската северна Нигерија. Сепак, ова е прв напад на ваков храм во јужниот дел на земјата, каде што има претежно христијани, наведува ДПА.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот на црквата „Свети Францис“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он

Вооружени напаѓачи киднапираа 30 лица од железничка станица во Нигерија

А1он

Најмалку 14 луѓе загинаа, автомобил влетал во публика на карневал во Нигерија

А1он

Вооружени банди во Нигерија убиja над 38 луѓе и запалија 100 куќи