Десетици уапсени на протест против карантинот во Мелбурн

Од:

Властите во Мелбурн уапсија повеќе од 70 лица за кршење на прописите за останување во домовите, за време на протестот против рестриктивните мерки наметнати заради борба против Ковид-19 во земјата. Некои луѓе беа уапсени по судирите со полицијата на локалниот пазар.

Околу 250 лица присуствуваа на протестот, кој не доби дозвола од надлежните органи и беше организиран преку социјалните мрежи.

Демонстрантите ги игнорираа забраните за собири на отворено и побараа да се укине карантинот во вториот по големина град во Австралија.

Во судирите со полицијата, покрај 70-те уапсени, има и 176 лица кои биле парично казнети поради закани кон полицајци.

Минатиот викенд во Австралија се одржа настан под мотото „Ден на слободата“ против ограничувачките мерки во земјата.

И покрај постепеното олеснување на мерките, полицискиот час, ограничувањата за посети на домови за стари лица и болници и ограничувањата за патување на повеќе од пет километри од домовите, ќе останат во сила до 26 октомври.

Би можело да ве интересира

Граѓански протест во Скопје: Улиците не се безбедни, кој е следен?

Во сабота во Неготино протестен марш насловен „Стоп за сообраќајното насилство“

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

Вработените во Матица Српска ги поддржаа студентите

(ВИДЕО) Масовен протест во Нови Сад