Државни медиуми јавија денеска дека големо лизгање на земјиште блокирало десетици работници во близина на рудник за злато на Тибет.
Централната кинеска телевизија јави дека лизгање на земјиште имало во округот Маиџокунар во близина на Ласа, главен град на Тибет и дека во тек се акции на спасувачки тимови.
Агенцијата Хсинхуа јави дека не се знае точно бројот на работници, но се верува дека се работи за десетици работници на подружница на Кинеската национална група за злато кои се затрупани под земја.