Десетици израелски тенкови, оклопни возила и булдожери го нападнаа југот на Појасот Газа

Од:

Десетици израелски тенкови, оклопни транспортери и булдожери влегоа во јужниот дел на Појасот Газа во близина на Кан Јунис, изјавија денеска очевидци. Стотици илјади Палестинци избегаа на југот на енклавата, откако Израел, како одговор на нападот на Хамас објави војна на милитантната организација и почна офанзива во северниот дел на Газа на 27 октомври.

По неколку дена мирување околу ослободувањето на заложниците киднапирани од Хамас во замена за палестинските затвореници, Израел продолжи со офанзивата за елиминирање на претставниците на Хамас и уништување на нивната инфраструктура. Досега изврши 10.000 воздушни напади врз Газа, додека Хамас исто така продолжи да стрела ракети кон Израел.

Пред неколку дена израелските напади беа концентрирани во областа Кан Јунис. Според очевидци, израелски воени возила влегле на длабочина од два километри, во селото Ал-Карара, североисточно од Кан Јунис. „Тенковите влегоа преку воениот контролен пункт Кисуфим на запад и продолжија два километри до селото Ал-Карара.

Принудени да побегнат на југот на Газа, раселените Палестинци кои се изложени на секојдневно бомбардирање стравуваат дека ќе бидат турнати до Египет поради влегувањето на израелските тенкови и пешадија.

Претседателот на палестинската управа, Махмуд Абас, во телефонски разговор со американскиот потпреседателка Камала Харис го изрази своето противење на „расселувањето на Палестинците“, било во Газа или на целата окупирана територија. Портпаролот на израелската армија Џонатан Конрикус рече дека Израел „не се обидува никого да премести“.

„Ние не се обидуваме трајно да преселиме никого некаде“, рече Конрикус. Но, во средината на ноември, министерката за разузнавање, Гила Гамлиел, ја повика меѓународната заедница да се заложи за „доброволно преселување“ на Палестинците „надвор од Појасот Газа“, наместо да испраќа пари за реконструкција на областа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Палестинците го слават враќањето на затворениците: „Не малтретираа пред да не ослободат“

Катерина Ѓуровски

Израелската влада објави фотографии од средбата на заложничките со нивните мајки

Израел ги презеде трите заложнички од Газа, луѓето радосни на двете страни

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Крај на агонијата во Газа, почна историското примирје

Катерина Ѓуровски

Шест клучни работи што треба да се знаат откако стапи примирјето во газа

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Палестинците го слават примирјето и се враќаат во домовите

Катерина Ѓуровски