Десетици илјадници луѓе во Лондон бараат нов референдум за Брегзит

Од:

Десетици илјадици луѓе маршираат денеска во центарот на Лондон, барајќи нов референдум за Брегзит, додека парламентот бара излез од ќор-сокакот во која западна истапувањето на Велика Британија од ЕУ.

Демонстрантите одат од паркот Лејн до парламентарниот плоштад, каде што подоцна ќе одржат собир. Демонстрациите се случуваат откако Унијата дозволи пролонгирање на Брегзит.

Се очекува во Лондон да се соберат околу милион лица од цела Британија, а на собирот, според најавите ќе се обрати градоначалникот на Лондон Садик Кан, кој е од редовите на опозициската лабуристичка партија и претседателката на Шкотската национална партија Никола Старџен.

Премиерката Тереза Меј во повеќе наврати ги отфрли повиците за втор референдум и покрај тоа што Парламентот не успеа да го изгледа договорот кој таа го испреговара со Унијата.

Во меѓувреме, бројот на потписници на онлајн петицијата со која се бара Владата да го повлече Членот 50 за излегување од ЕУ се зголеми на четири милиони.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година