Десетици илјади луѓе без струја во североисточниот дел на Америка и Канада поради бурата Ли

Од:

Десетици илјади луѓе во регионот на Нова Англија во САД и во источна Канада останаа без струја откако ураганот Ли донесе обилни врнежи од дожд и ветер кој корнеше дрвја.

Невремето се движи кон североисточниот дел на северноамериканскиот континент, а може да ги погоди канадските провинции Њу Бранзвик и Нова Шкотска.

Во Мејн, државата со најмногу површини покриени со шуми во САД, почвата е натопена, а дрвјата се многу ослабени и поради невремето и поради обилните летни дождови, а како што најавуваат метеоролозите, најсилните удари на невремето допрва треба да се очекуваат.

„Ни претстои долг пат, а веќе гледаме соборени дрвја и прекин на електричната енергија“, изјави метеорологот Тод Фоази, пренесе АП.

Во Масачусетс беше прогласена вонредна состојба и беше испратена федерална помош во таа американска држава.

Во сила е предупредување за наплив на бура од границата на Њу Хемпшир и Мејн до Нова Шкотска, Канада.

На најголемиот аеродром во Нова Шкотска, Халифакс Стенфилд, немало ниту влезни ниту појдовни летови.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Невреме во Британија: Откажани се околу 140 летови, патници се блокирани во неколку градови

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Дел од Хрватска под снежна бура: Вклучен црвен метео-аларм

А1он

Силен ветер во Сочи, едно лице загина, 12.000 луѓе без струја

Нова бура над Велика Британија, училиштата затворени, на луѓето им е кажано да работат од дома

Повеќе од 1,2 милиони домови во Франција останаа без струја