Десетици илјади домаќинства без струја заради бури и торнадо во Полска

Од:

Речичси 55 илјади домаќинства останаа без електрична енергија ноќеска откако бури и поројни дождови ја погодија јужна Полска.

Телевизискиот канал ТВН 24 јави за ретката појава во таа држава – торнадо кое уништило најмалку 50 домови. Повредени се две лица.

Околу 400 спасувачи работат на справување со последиците од бурите кои оштетиле или уништиле над 230 куќи. На некои места паѓал град со големина на јајце. Метеоролошката служба објави дека е можно и други делови од државата да бидат погодени од невремето.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајка во Полска, загинаа две момчиња

Горан Наумовски

Сикорски: Мора да се подготвиме за уште една руска агресија до 2030 година

Во Полска пренесени двајца повредени во пожарот во Кочани

Драма во Полска: Туристи затрупани под снежна лавина, спасувачите не ја знаат точната бројка

Полска се подготвува за војна: Секој маж мора да оди во војска

Дуда: Украина треба да се врати на преговорите со Трамп

А1он