Десет лица загинаа, а 22 други се повредени доцна синоќа при експлозија на автомобил-бомба во близина на позната слаткарница во централниот дел на Багдад, соопштија здравствените власти и полицијата.
Џихадистичката група Исламска држава презеде одговорност за нападот, кој е извршен со експлозивна направа активирана од далечина, а се наоѓала во паркиран автомобил.
Инцидентот се случи неколку денови по почетокот на светиот месец Рамазан.
Ирачките сили постепено ги потиснуваат борците на ИД од нивните последни позиции во градот Мосул.