Најмалку десет лица загинаа и 30 се повредени во директен судир на два автобуси на главен пат во Непал, јави ДПА, повикувајќи се на локалната полиција.
Меѓу повредените 12 се во критична состојба.
Според првичните информации од истрагата едниот од автобусите се движел со поголема брзина од дозволената и загубил контрола. Возачот избегал од месотот на несреќата.