Десет лица загинале, а уште десетина се водат заисчезнати, откако ферибот со околу 150 лица се преврте во реката Падма, во централниот дел на Бангладеш, пренесе ДПА.
Се претпоставува дека бројот на жртвите ќе биде уште поголем.
Нуркачите од водата ги извадија телата на девет патници од потонатиот ферибот, додека едно бебе починало на пат за болницата.
Локалните жители успеале да спасат педесетина лица, кои од реката ги извадиле со помош на чамци, соопшти полицијата.
Фериботот потонал откако се удрил во товарен брод во реката Падма.