Римокатоличкиот поглавар, папа Франсис во интервју за аргентинскиот неделник „Вива“ препорача 10 совети за среќен живот.
1.Живеј и дозволи им на другите да живеат
Папата вели дека секој би требало да се води според овој принцип, кој е доста сличен со една римска изрека која во превод гласи „Продолжи понатаму и дозволи им на другите да го направат истото“.
2. Дај се себе си, на другите
Луѓето мора да бидат отворени и широкогради, вели тој, затоа што оние кои што ќе се затворат во себе, ризикуваат да станат егоцентрични. „И застоената вода со време ќе се загади“,-вели папата.
3.Мирно одете низ животот
Папата кој некогаш предавал книжевност во средните училишта, го користел примерот на протагонистот во аргентинскиот роман на Рикардо Гиралдес, дон Сегунда Сомбре. „Тој вели дека во младоста бил поток полн со камења, кои ги носел со себе како возрасен човек; бил брза река, а во староста се уште се движел, но бавно како вода во базен-вели папата. Тој додава дека му се допаѓа примерот со вода во базен, бидејќи тоа е показател за способноста на човекот, да се движи во мир и скромност во животот.
4. Здраво слободно време
Уживањето во уметноста, книжевноста и играта со деца, речиси е изгубено, смета папата. „Општествените случувања не водат кон стресови и придонесува луѓето да ја заборават здравата култура на слободното време“,вели тој.
На тој начин времето бргу поминува и не можеме да го поделиме со другите. Семејставата треба да ги исклучат ТВ приемниците додека јадат, бидејќи тие не им дозволуваат да комуницираат, додава папата.
5. Неделите треба да бидат празници
Работниците треба да одмараат во недела, бидејќи тоа е ден за семјството.
6. Пронајдете иновативни начини да ги вработите младите
Потребно е да бидеме креативни со младите лица. Доколку не им ја дадете таа можност, тие ќе се свртат кон дрогата и ќе бидат склони на самоубиства, вели тој.
„Не е доволно само да им давате храна. Достоинството се добива кога вие само можете да донесете храна на масата од вашиот сопствен труд , смета папата.
7. Почитувајте ја природата и грижете се за неа
Уништувањето на природата е еден од најголемите предизвици на човештвото-вели Римокатоличкиот поглавар.
„Мислам дека е време да се запрашаме дали човештвото врши самоубиство со оваа тиранска злоупотреба на природата“.
8. Престанете да бидете негативни
Потребата да се зборува лошо за другите е показател за ниска самодоверба. Тоа значи :„Се чувствувам толку лошо, што наместо да се подигнам себе си , ќе се обидам да ги понижам другите “, вели Франсис.
9. Почитувајте ги туѓите уверувања
Можеме да ги инспирираме другите луѓе да веруваат во комуникација. Најголем проблем е религиозното малцинство, кое парализира. Кон секој поединец треба да се пристапува со почит. Црквата ќе расте со привлекување на верници, а не благодарение на малцинството– вели папата.
10. Барајте мир
Сите живееме во време на голем број војни, затоа мора често да повикуваме на мир. Мирот некогаш личи на тишина, но тој никогаш не е тивок.Тој секогаш е динамичен и проактивен- смета Римокатоличкиот поглавар, папа Франсис.
Е. Г.