Десет милијардери се откажаа од половина од своето богатство

Од:

За да можат ги поддржат бројните добротворни акции низ светот десет милијардери одлучија да се откажат од половина од своето богатство, пишува Си-Ен-ЕН.

Тие го потпишале актот што претходно го составиле Ворен Бафет и Бил и Мелинда Гејтс. Уште во 2010 година тројцата ги повикале милијардерите да се откажат од поголемиот дел од своето богатство додека се живи, а не тоа да го сторат во тестаментите.

До сега вкупно 137 милијардери од 14 земји го поддржале актот.

-Кога го почнавме овој проект, не ни можевме да насетиме дека оваа бројка на луѓе ќе ни се придружи во акцијата, рече Бил Гејтс.

Џоди Фолкнер, директорка на компанијата „Епик“, чија вредност се проценува на 2,6 милијарди долари, се обврза дека ќе се откаже од 99 отсто од уделот во оваа фирма.

Бред Кивел, Хамди Улукаса, сир Иан Вуд, Гордон Гунд, Харолд Гринспун, Дијане Тродерман, Рут и Бил Скот и Шарли Варкес, исто така, презедоа обврски дека ќе се откажат од дел од своето богатство.

Би можело да ве интересира

Најбогатите луѓе по победата на Трамп побогати за уште 64 милијарди долари

Најбогатиот човек на светот има имот од 233 милијарди долари

Најбогатиот човек на светот изгуби над 10 милијарди евра за еден ден

Ана Ололовска

Некогаш ѕвезда на Арсенал, а сега милијардер: Дури 30 пати е побогат од Кристијано Роналдо

Маск повторно е најбогатиот човек на светот

Ана Ололовска

Илон Маск симнат од тронот, најбогат човек на светот сега е Бернард Арно

Ана Ололовска