Десет лица се убиени, а 66 се повредени во напад на талибанските бунтовници врз Апелацискиот суд во авганистанскиот град Мазар-и-Шариф.
Авганистанските безбедносни сили успеале да го прекинат нападот по шест часа престрелка и бомбардирање.
– Убиени се петмина припадници на безбедносните сили и пет цицили, а 66 лица се повредени, изјави шефот на полицијата во покраината Балх, Абдул Разик Кадери.
Според директорот на болницата, во која се примени поголем дел од жртвите, Нор Мухамед Фаиз, меѓу повредените има полицајци, судии, жени и деца.
Извор од Министерството за внатрешни работи на Авганистан истакна дека сите напаѓачи се убиени, без да го прецизира нивниот точен број.