Десет лица се повредени во судар на патнички возови во Прага

Од:

Во Прага се судрија два патнички воза, а во таа прилика полесно се повредени десет лица, јавува чешката агенција ЧТК, повикувајќи се на извори од спасувачката служба.

Возовите се судрија во близина на станицата Прага-Либен, на пругата меѓу станицата Височани и главната железничка станица.

Спасувачите соопштија дека според деталните информации од местото на настанот, десетина лица се полесно повредени, со набиеници и гребаници.

Би можело да ве интересира

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Роднините на загинатите во железничката несреќа во Русија ќе добијат помош од 20.000 евра

Горан Наумовски

Индонезија: Во судир на возови најмалку три лица загинаа, 28 се повредени

Железничка несреќа во Њујорк: Многу патници се повредени

Полицијата дежура пред куќата на убиецот од Прага

Убиецот од Прага оставил проштално писмо во кое признал дека убил татко и двомесечно бебе

Горан Наумовски