Десет лица повредени, 26 исчезнати во свлечиште во Норвешка

Од:

Десет лица се повредени, од кои едно е во критична состојба, додека 26 се водат како исчезнати откако свлечиште во јужниот дел на Норвешка однесе повеќе од десет куќи во раните утрински часови.

Свлечиштето го погоди станбениот дел на општината Jeрдрум, на околу 30 километри северно од Осло.

Исчезнатите лица се од областа најпогодена од лизгањето на земјиштето, но сè уште не е јасно дали се заробени во своите домови, дали успеале на време да избегаат или да се евакуираат, соопшти полицијата.

Началникот на полицијата рече дека областа е сè уште нестабилна и дека може да се пристапи само со хеликоптер, а градоначалникот посочи дека околу 500 лица се евакуирани.

– Ова требаше да биде мирен новогодишен викенд, за време на кој луѓето требаше да се најмногу загрижени поради Ковид-19, а не за исчезнатите во свлечиштето, изјави норвешката премиерка Ерна Солберг за ТВ2.

Би можело да ве интересира

Масовниот убиец Брејвик не е ментално болен, тврдат норвешките психолози и психијатри

Норвешка: Воз излета од шините, најмалку едно лице загина

Шок во кралското семејство: Синот на принцезата призна дека физички ја нападнал девојката

Предраг Петровиќ

Синот на норвешката принцеза заврши во притвор: Нападна жена, таа доби потрес на мозокот

Предраг Петровиќ

Шпанија, Ирска и Норвешка денеска официјално ќе ја признаат Палестина

Норвешка ги заостри ограничувањата за влез на руските граѓани