Во пукотница во супермаркет во Бoулдер, во сојузната држава Колорадo, синоќа загинаа десет лица, меѓу кои и еден полицаец.
Од полицијата соопштија дека напаѓачот, кој бил ранет, е уапсен. Неколку објавени снимки од настанот покажуваат како полицајци придружуваат маж со лисици на рацете без горна облека, на кој десната нога му е раскрвавена.
Пукотницата се случила во полн супермаркет лоциран недалеку од Универзитетот Колумбија, каде обично родителите и студентите купуваат намирници, јави Њујорк тајмс.
Убиениот полицаец е 51- годишниот Ерик Tали, кој работел во службата од 2010 година и бил меѓу првите службеници кои одговориле на повикот.
Од лица присутни во објектот, кои го преживеале нападот, весникот дознава дека едно безживотно тело се наоѓало на улицата пред продавницата.
Истражителите работат на местото на настанот и ги утврдуваат мотивите на напаѓачот.