Десет авганистански цивили, меѓу кои три деца, беа убиени денеска во експлозија на бомба поставена покрај пат во провинцијата Кандахар, во јужниот дел на земјата, соопшти локалната полиција.
– Камионот нагази на мина во округот Аргистан. Десет лица загинаа, вклучувајќи четири жени и три деца, изјави генерал Абдул Разик, началник на полицијата во таа провинција, која се смета за упориште на талибанците.