Десет членови на лабуристичката Влада во сенка поднесоа оставки

Од:

Десетмина членови на Владата во сенка на британската Лабуристичка партија, поднесоа оставки во знак на протест поради смената на министерот во сенка Хилари Бен, кој претходно беше сменет од лидерот на партија, Џереми Корбин.

Покрај овие десетмина лабуристи, оставки поднесоа уште неколкумина други високи партиски функционери.

Сите тие се незадоволни од однесувањето на Корбин пред референдумот за ЕУ, обвинувајќи го за поразот на лабуристите на референдумското изјаснување на Британците.

Бен и групата лабуристи кои поднесоа оставку, бараат и лидерот на партијата да поднесе оставка, онака како што направи британскиот премиер Дејвид Камерон, преземајќи свој дел од одговорноста за победата на Брегзит.

Кризата кај опозициските лабуристи настана откако Хилари Бен, кој дотогаш ја имаше функцијата министер за надворешни работи во сенка, остро го нападна Корбин по соопштувњето на резултатите од референдумот, порачувајќи му дека повеќе нема доверба во него како лидер на партијата.

Корбин реагираше со сменување на Бен, а вчера десетмина други членви на владиниот состав му изразија недоверба на Корбин и објавија дека не сакаат да остант во владата во сенка, под негово водство.

Корбин ги отфрли обвинувањата и соопшти дека нема намера да поднесе оставка, како и дека одново ќе се кандидира за лидерската функција.

Лидерот на лабуристите изјави дека направил се што можел да се извојува победа на референдумот и земјата да остане во ЕУ, но неговите критичари и политички противници го обвинуваат затоа што лабуристичките гласачи во североисточна Англија и во Велс, кои се традиционални изборни упоришта на лабуристите, овојпат гласаа за Брегзит, иако официјалниот став на водството на партијата беше да се поддржи останувањето во ЕУ.

Лондонските медиуми објавија дека на десет дена пред референдумското изјаснување, раководството на партијата било „вчудоневидено“ од сознанието дека дури 40 отсто од лабуристичките гласачи признале дека не го знаат ставот на партијата за референдумот.
Некои медиуми сега откриваат дека канцеларијата на Корбин го „саботирала референдумот“ за партски цели.

Корбин, кој е познат како долгогодишен критичар на ЕУ и лабуристички евроскептик, сега е обвинет дека падот на Камерон и на неговата Влада го сметал за поважно од референдумот за ЕУ и интересите на државата да биде дел од Унијата.

Би можело да ве интересира

Барние: Британија отфрла секакво одложување на Брегзит

Ана Ололовска

Почнува клучната фаза од преговорите за Брегзит

Ана Ололовска

Зајберт: Меркел и Џонсон набрзо ќе разговараат за Брегзит

А1он

Шкотска е подготвена да поддржи секого кој е против Брегзит

А1он

Нема судење за Џонсон поради „лажењето за Брегзит“

А1он

Хамонд: Брегзит-от без договор ќе биде спречен

А1он