Денеска уште еден силен земјотрес регистриран во Истанбул

Од:

Уште еден земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала го погоди денес Истанбул, соопшти Турската агенција за управување со вонредни состојби и катастрофи (AFAD). Земјотресот е регистриран во 11:36 часот по локално време, а епицентарот е во Мраморното Море во близина на Текирдаг, на длабочина од 18 километри.

„Тоа е афтершок од главниот земјотрес со јачина од 6,2 степени што го погоди Истанбул на 23 април. Сега земјата се смирува. Сè е нормално, нема потреба да се бега“, рече експертот за земјотреси Ахмет Ерџан.

Опсерваторијата Кандили објави дека земјотресот што се случил денес во 11.36 часот имал интензитет од 4 степени. Како што објави Хаберлер, потресот бил почувствуван и во околните провинции, вклучувајќи го и Истанбул.

Силен земјотрес со интензитет од 6,2 степени според Рихтеровата скала го погоди Истанбул на 23 април, со епицентар на длабочина од десет километри во земјината кора.

По тој земјотрес, Турската агенција за природни катастрофи регистрираше серија од неколку стотици последователни потреси по должината на брегот на Мраморното Море.

Би можело да ве интересира

Турција: Најмалку 19 лица повредени во вчерашниот земјотрес

(ВИДЕО) Силен земјотрес ја погоди Турција: Паника меѓу луѓето, има урнати згради, засега нема информации за повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Турција

(ВИДЕО) Автобус удри во станица полна со луѓе: Има многу повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Турција

(ВИДЕО) Силен земјотрес во близина на Истанбул, граѓаните во паника бегаа на улица