Денеска променливо облачно, од утре постудено со дожд

Од:

Променливо облачно со сончеви периоди.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 14, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди.

Ќе дува слаб ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 22 степена.

Од среда попладне до петок под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд, локално пообилни (над 30 l/m²).

Поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен северен ветер во четврток и петок на повисоките планини ќе има услови врнежите од дожд да преминуваат во повремен снег.

Температурата значително ќе опадне.

Во деновите од викендот ќе има стабилизирање на времето и постепен пораст на дневната температура.

Би можело да ве интересира

Денеска променливо облачно со повремен дожд

УХМР најавува обилни локални врнежи и снег на повисоките места

Горан Наумовски

Променливо облачно и топло, можен слаб дожд

Денеска променливо облачно со локален дожд, а на планините снег

Денеска облачно, кон крајот на денот дожд и снег

Денеска ќе биде променливо облачно со температура до 10 степени