Денеска пресуда за поранешниот француски претседател Никола Саркози за предметот со „прислушување“

Од:

Парискиот кривичен суд денеска треба ја донесе пресудата во предметот „прислушување“ против поранешниот претседател Никола Саркози, за кого беа побарани четири години затвор, од кои две условно.

Во текот на денешниот ден ќе се знае дали Никола Саркози ќе биде вториот поранешен француски претседател осуден под Петтата република по Жак Ширак.

Парискиот кривичен суд ќе каже дали поранешниот шеф на државата ќе биде осуден за кривични дела корупција и влијание, што тој го спори. На 8 декември, Националното финансиско обвинителство (ПНФ) против 66-годишниот поранешен претседател побара четиригодишна затворска казна, од кои две усковно, со оглед на тоа што оцени дека имиџот на претседателот беше „нарушен“ од оваа афера со „разорни ефекти“ “

Без оглед на одлуката на судот, таа ќе биде историска, повеќе од девет години откако Жак Ширак беше осуден на две години затвор во случајот на измислените работни места во градот Париз. Оваа одлука ќе биде клучна и за Никола Саркози, кому му претстои второ судење на 17 март, во аферата „Бигмалион“, во врска со трошоците за неговата претседателска кампања во 2012 година. Тој се повлече од политиката од 2016 година, но сепак е многу популарен кај десницата, една година пред следните претседателски избори, Никола Саркози пред читањето на пресудата побара да биде „измиен од оваа навреда“.

Случајот со „прислушување“ датира од 2014 година. Во тоа време, употребата на ВатсАп и други шифрирани пораки не беше широко распространета, истакна поранешниот шеф на државата. Како дел од истрагата за сомнежите за либиското финансирање на неговата претседателска кампања во 2007 година – што оттогаш му донесе четирикратно обвинение – судиите откриваат дека Никола Саркози користи тајна телефонска линија, отворена под псевдонимот „Пол Бизмут“, за да комуницира со неговиот адвокат Тиери Херцог. Околу десет нивни разговори беа следени. Тие според обвинителството докажуваат дека е склучен „пакт за корупција“ помеѓу Никола Саркози, неговиот адвокат и поранешниот висок судија Жилберт Азиберт.

За обвинителството, Жилберт Азиберт, преку Тиери Херцог, пренесуваше информации покриени со тајност и се обидуваше да влијае на жалбата од Никола Саркози, на маргините на аферата Бетенкур. Во замена, последниот се согласи да ја поддржи кандидатурата на судијата, тогашен генерален адвокат во граѓанскиот совет од највисоката јурисдикција, за престижна функција во Монако.

Истата казна – четири години затвор, од кои две условно – е побарана против тројцата обвинети, придружена за адвокатот Херцог со барање за професионална забрана од пет години.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано