На денешен ден во 1879-та година во Германија е роден еден од најголемите умови, Алберт Ајнштајн. Тој е најпознат по својата теорија за релативност, како и теоријата за масно-енергетската еквиваленција, но добива Нобелова награда за физика за неговото откритие на фотоелетричниот ефект во 1921-та година.
Во периодот од своето детство до раната младост, Ајншајн бил исклучително мрзелив, и проговорил дури на три годишна возраст. За време на училишните денови тој не покажувал интерес за работите кои му биле досадно, и затоа неговите блиски стравувале дека нешто не е во ред со него или дека има пречки во развојот. Но, со тек на времето се покажало сосема погрешно.
Најтиражниот магазин „Тајм“ во 1999-та година го прогласи Алберт Ајнштајн за „Личност на векот“.
Јасна Атанасова