Демонстрантите во Мексико ја нападнаа зградата на регионалниот Конгрес во Чилпанчинго

Од:

Демонстрантите во Мексико кои неколку недели протестираат против односот на власта кон исчезнувањето на 43 студенти, ја нападнаа зградата на Конгресот во сојузната држава Гуереро.

Гневните демонстранти превртеа и запалија пет службени возила, што беа паркирани пред конгресната зграда, во главниот град на оваа држава Чилпанчинго и предизвикаа помал пожар во една од службите во Конгресот.

Протестите што овој пат се одржаа на повик на синдикатот на учителите,се одржаа и во градот Игуала, каде студентите последен пат се видени живи на 26 септември. Насилните протести завршија со напад  врз локалната зграда на владеачката мексиканска партија ПРИ.

Полицијата и во двата града користеше солзавец и „пипер“ гас кој предизвикува солзење поради лутината што се ослободува од него, додека демонстрантите користеа камења и тули, за да се пресметаат со полицијата. Беа превртени и запалени неколку автомобили.

Студените исчезнаа од Игуала, што се наоѓа блиску до главниот град на државата Гуереро, пред повеќе од пет недели, откако учествуваа во демонстрациите против локалните власти.

Мексикански владини функционери тврдат дека тројца уапсени криминалци, признале оти сите 43 студенти се убиени а нивните тела запалени, но нивните посмртни останки кои некако останале неуништени од огнот, се уште не се идентификувани, па тие се уште се водат како исчезнати.

Протестите во регионот, но и ширум Мексико се интензивираа откако се разбра за врските на локалните власти во Игуал со тамошната нарко банда,позната како „Гуерерос Унидас“ (Обединети Воини).

Официјаланата истрага што е отворена за случајот досега располага само со признанието на полицијата дека студентите биле уапсени по протестите од 26 септември,а подоцна предадени на нарко бандата.

Градоначалникот на Игуала, Хозе Луис Абарка и неговата сопруга, кои извесно време беа во бегство, се фатени и уапсени, додека се уште се трага по побегнатиот шеф на локалната полиција. Градоначалникот се обвинува дека и наредил на полицијата да ги предаде студентите на припадниците на бандата.

Жителите на овој мексикански град во југозападниот дел од државата, веруваат дека врските на власта со нарко бандата не завршуваат на градоначалникот, туку одат до повисоките ешалони на власта.

Би можело да ве интересира

Најмалку осум лица се убиени во напад на криминалци во Мексико

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Мексико

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Мексико Сити

Гневни граѓани до смрт претепаа жена во Мексико осомничена за киднапирање и убиство на мало девојче

Демонстрантите во Мексико упаднаа во претседателската палата

ВИДЕО: Страотна несреќа во Мексико, 19 мртви