Демонстрантите побараа од Бајден прекин на огнот во Газа, 50 лица беа уапсени во Бостон

Од:

Обраќањето на американскиот претседател Џозеф Бајден до нацијата во четвртокот предизвика мали протести низ САД, како и апсења, а демонстрантите бараа Бајден да бара траен прекин на огнот во конфликтот меѓу Израел и палестински Хамас и да се вклучи во намалувањето на израелските напади врз Газа.

Демонстрантите го запреа сообраќајот во Бостон и Лос Анџелес, а во Бостон се уапсени 50 лица, соопштија активистичка група и локални медиуми, објави Ројтерс.

Пред говорот на Бајден, десетици луѓе се собраа во близина на Белата куќа, поради што полицијата ја блокираше блиската улица.

Би можело да ве интересира

Бајден е под голем притисок за продажбата на оржје на Израел, 90 демократи му напишаа писмо

Катерина Ѓуровски

Во Газа досега загинале 34.596 луѓе

Израелците пукаа кон границата со Египет, неколкумина шверцери се ранети

Израел приведе 15 лица на Западниот Брег, меѓу кои и деца

Бајден на историски најниско ниво со поддршка од 38,7 отсто

Лазарини: За шест месеци во Газа се убиени повеќе деца отколку во светот за четири години