Демонстранти за запалија зградата на владејачката партија во градот Чилпансинго во Мексико

Од:

Демонстрантите, кои го кренаа својот глас против грабнувањето и наводното масовно убиство на 43 мексикански студенти, изминатата ноќ ја запалија зградата на владејачката партија во градот Чилпансинго, главниот град на мексиканската држава Гереро, пренесоа француските медиуми.

Демонстрантите фрлаа молотови коктели врз локалното седиште на Инстутиционално-револуцинерната партија на претседателот на Мексико Енрике Пења Нието.

На протестот учествуваа околу илјада студенти и професори од факултетот во кој учеа исчезнатите студенти.

Повеќето од демонстрантите имаа маски на лицата и беа „опремени“ со камења и стапови.

Во судирите со полицијата беа ранети најмалку пет лица, тројца полицајци и двајца новинари, кои известуваа од протестот. Сите беа удрени со камења, а меѓу повредените новинари е и репортер на Франс прес.

Убедени дека корумпирани полицајци се замешани во грабнувањето на студентите, демонстрантите неколку часа го приведоа и локалниот полициски началник Хуан Хосе Гатика.

Би можело да ве интересира

Најмалку осум лица се убиени во напад на криминалци во Мексико

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Мексико

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Мексико Сити

Гневни граѓани до смрт претепаа жена во Мексико осомничена за киднапирање и убиство на мало девојче

Демонстрантите во Мексико упаднаа во претседателската палата

ВИДЕО: Страотна несреќа во Мексико, 19 мртви