Демонстранти во Сиера Леоне расфрлаат трупови по улиците

Од:

Погребните работници во градот Канема во Сиера Леоне, почнаа да расфрлаат трупови на починати од ебола низ улиците на овој град, протестирајќи што се уште не им се исплаќа ветениот надомест за справувањето со оваа смртоносна болест.

Гневните работници почнаа да штрајкуваат, одбивајќи да погребаат 15 трупови, оставајќи ги во болницата во Канема, каде заразените пациенти починале. Подоцна тие ги собрале труповите и почнале да ги расфрлаат по јавни места. Еден од труповите оставиле во канцеларијата на директорот на градската болница, а два други ги оставиле пред главниот влез.

Засега нема сознанија за реакцијата на властите кои најавуваат да ја искоренат еболата во земјата до крајот на годинава. Демонстрантите меѓутоа се закануваат дека нема да погребуваат починати, се додека не им бидат исплатени парите што им биле ветени.

Сиера Леоне е една од трите држави во Западна Африка кои се најтешко погодени од смртоносниот вирус на ебола, покрај Гвинеја и Либерија. Само во Сиера Леоне, од ебола досега починаа над 1.200 лица.

Канема е трет по големина град во оваа земја. Се наоѓа во источните делови од државата и таму избувна заразата со вирусот на ебола.

Светската здравствена организација (СЗО) ја прогласи еболата за глобална здравствена закана. Над 5.000 луѓе починаа од избувнувањето на заразата, најмногу во реонот на Западна Африка.

Би можело да ве интересира

Во два региона на Уганда воведен карантин поради епидемија од ебола

Во Уганда 29 лица починаа од ебола, меѓу нив и здравствени работници

Катерина Ѓуровски

Во Уганда 16 лица заразени со ебола од почетокот на епидемијата

Ана Ололовска

Во Уганда прогласена епидемија на ебола, почина 24-годишен маж

Ана Ололовска

СЗО: Втората епидемија на ебола годинава во Демократска Република Конго прогласена за завршена

А1он

ВИДЕО: Најмалку 84 мртви во експлозија на цистерна со гориво во Сиера Леоне