Демонстранти го блокираа аредормот во мексиканскиот град Акапулко

Од:

Неколку илјади демонстранти кои протестираат против односот на мексиканските власти кон исчезнувањето на 43 студенти, го блокираа аеродромот во Акапулко, затворајќи ги сите приоди кон аеродромската зграда.

Интервенираше и полицијата и притоа дојде до судири со гневните демонстранти. Во судирите, според полициски извори, има дваесетина повредени полицајци.

Новите протести во Мексико избувнаа откако во петокот властите соопштија дека тројца членови на една нарко банда потврдиле оти сите 43 студенти се убиени, а нивните тела запалени и потоа фрлени во една река.

Роднините и пријателите на исчезнатите студенти, меѓутоа, не сакаат да ги прифатат нивните искази како конечен заклучок, па бараат потврда за тоа од независни странски форензичари.

Мексиканското обвинителство во меѓувреме објасни дека шансите да се идентификуваат останките најдени во реката се „мошне мали“, затоа што тие се серизоно оштетени. Според изјавата на претставник на Обвинителството, само две коски би можеле да бидат дадени на испитување за утврдување на ДНК.

Сепак, тој потврди дека коските ќе бидат испратени во лабораторијата на Универзитетот во Инсбрук во Австраија за испитување и анализа.

Оваа група студенти и натаму се водат како исчезнати, откако на 26 септември се судрија со полицијата во градот Игуала, 20 километри југозападно од главниот град Мексико Сити.

Во тие судири со локалните сили на редот имало мртви, но студентите биле уапсени и задржани на сослушување. Според нивните роднини, студентите подоцна им биле предадени на припадниците на една локална нарко банда, која ги ликвидирала.

Тројцата уапсени членови на банадата кои открија дека студентите се убиени, на сослушувањето изјавиле оти верувале дека станува збор за група припадници на една противичка банда, па затоа и ги убиле.

Откритието дека локалната власт во Игуала соработува со гангстерските банди кои дистрибуираат дрога, предизвика бран протести во Мексико.

Би можело да ве интересира

Најмалку осум лица се убиени во напад на криминалци во Мексико

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Мексико

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Мексико Сити

Гневни граѓани до смрт претепаа жена во Мексико осомничена за киднапирање и убиство на мало девојче

Демонстрантите во Мексико упаднаа во претседателската палата

ВИДЕО: Страотна несреќа во Мексико, 19 мртви