Демонстрации против светскиот куп во фудбал во Сао Паоло и Рио де Жанеиро

Од:

Илјадници луѓе излегоа на улиците во Сао Паоло и Рио де Жанеиро за да демонстрираат против Светското фудбалско првенство во фудбал, незадовлно што наместо за социјални потреби на Бразилците, парите се трошат за неговата организација.

Најмасови се протестите во најголемиот бразилски град Сао Паоло, каде најагресивните демонстранти фрлаат камења по полицијата и по продавниците, палат автомобилски гуми и прават барикади на улиците од овој.

Во Рио демонстраните ги запоседнаа главните укици, оредизвикувајќи блокади и хаос во сообраќајот.

Протести има и во главниот град Бразилија, како и во другите градови каде ќе се играат натпреварите од годинешново светско првенство, што почнува за помалку од еден месец, а завршува на 12 јули.

Демонстрантите се гневни што „милијарди долари“ се трошат за градба и за обнова на фудбалските стадиони и за угостувањето на спортистите и туристите, а не за социјални проекти, што би им го олесниле животот на луѓето, како и за изградба на станиви за милиони бездомници и за оние кои живеат по фавелите.

Заедно со демонстрантите се и учителите и вработените во јавните служби кои бараат поголеми плати и подобри услови за работа, кои најавуваат масовни штрајкови.

protestInBrazil-cup

Полицијата ги ангажираше своите специјални единци за да се справи со протестите, а против најнасилните демонстранти во Сао Паоло, користеше и солзавец.

Иако протестите се раширени низ повеќе градови по Бразил, овие демонстрации се помали од оние во минатата година,кога милиони луѓе се противеа на организацијата на Светскиот Куп.

Бразилскиот министер за спорт Алдо Реболо изјави дека и покрај овој најнов бран протести ,нема место за загриженост и за паника.

– Колку што гледам станува збор за социјални барања на работниците, а тие немаат никаква врска со Светскиот куп, рече министерот Реболо.

Бразил за ова првенство очекува преку три милиони домашни туристи и најмалку 600 илјади странски гости. За две години Рио де Жанеиро е домаќин на летните Олимписки Игри.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск