Демонстранти, кои носеа плакати на кои беше испишано „Љубов кон пророкот Мухамед“ се собраа денеска во руската република Чеченија, во Авганистан и Иран за да го изразат својот протес против објавувањето на карикатури на исламскиот пророк.
Повеќе од 800 илјади лица присуствуваа денеска на митингот во центарот на Грозни за одбрана на исламските вредност, а кон него се приклучија и чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, соопшти руското Министерство за внатрешни работи.
Во соопштението се наведува дека на „митингот против навредувањето на чувствувата на муслиманските верници во центарот на Грозни присуствуваа повеќе од 800 илјади лица и оти полицијата во целост ги одржала јавниот ред и мир за време на демонстрациите“.
На митингот наречен „Љубов кон пророкот Мухамед“ се очекуваше да се соберат милиони луѓе, откако вчера на социјалните мрежи се огласи чеченскиот лидер и ги повика луѓето да дојдат на протестите.
Учесниците носеа плакати, на кои беше испишано „Не на карикатурите на пророкот Мухамед“ и „Исламот е религија на добрите и креативните“.
Тие извикуваа и пофални зборови за пророкот за време на маршот, кој почна од Плоштадот Минутка до централната џамија „Срцето на Чеченија“, каде е одржана заедничка молитва во 12:30 часот по московско време.
Сличен протест во саботата се одржа во соседна Ингушетија, каде се собраа 15 илјади лица.
Во авганистанскиот град Џалалабад демонстрантите го осудија парискиот сатиричен неделник „Шарли ебдо“ и ја повикаа Владата да ја затвори Амбасадата на Франција во Кабул.
Тие извикуваа антифранцуски пароли и го запалија француското знаме.
Стотици Иранци, претежно студенти се собраа пред француската Амбасада во Техеран, каде беа распоредени голем број полицајци.
Демонстрантите извикуваа „Доле ционистичка Франција“ и „Смрт за Франција“, како и „Долу САД“ и „Смрт за Израел“. Тие извикуваа дека слободата не говорот не треба да биде оправдание за навредување на пророкот.
Некои од нив побараа затворање на Амбасадата и протерување на амбасадорот. Тие исто така палеа и знамиња на САД и Израел.
Десетици салафистички активисти се собраа на демонстрации во Газа за подршка на групацијата Исламска држава и за исламистите, кои ги извршија нападите во Париз.
Демонстрантите запалија знамиња на Франција и САД и се упатија кон францускиот културен центар, но силите за безбедност на палестинското движење Хамас не им дозволија да се приближат до зградата.