Демонстрации против Асад ширум Европа

Од:

Неколку илјади луѓе се собраа во западните европски претстолнини Лондон, Рим, Мадрид и Париз во знак на поддршка на сирискиот народ, кој веќе четврта година е во судир со режимот на претседателот на Сирија, Башар Ал Асад.

Како што пренесе „Франс прес“,во Лондон во Даунинг стрит, каде што се наоѓа канцеларијата на премиерот се собрале околу 1.000 луѓе, кои со сириски знамиња во раце ја осудиле меѓународната заедница поради пасивност во врска со сирискиот судир.

asadPariz

Повеќето од демонстрантите биле Сиријци, како што било и на сличниот собир во Рим, каде што се собрале околу 3.000 лица.

Неколку стотици луѓе протестирале во Мадрид и Париз, додека во Вашингтон околу 1.000 лица се собрале пред Белата куќа, каде што ги читале имињата на жртвите и скандирале слогани против сирискиот претседател.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Европа има три недели да се договори за условите за капитулација на Украина

Орбан: Европа не е тоа што беше, иднината е во другите региони

„Билд“: Американските војници се повлекуваат од Европа

Мрачна прогноза на Медведев за Европа

Горан Наумовски

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори