Демонстрации на плоштадот Тахрир во Каиро

Од:

Одлуката на египетскиот суд за ослободување на осудените функционери од поранешниот режим на Хосни Мубарак во случајот „Војна на камилите” беше повод за масовни протести на плоштадот Тахрир пред зградата на Државното обвинителство во Каиро, јавува Anadolu.

Демонстрантите бараа обновување на постапката.

Ослободените поранешни функционери обвинети се за праќање полициски трупи на коњи и на камили во февруари минатата година за да ги разбијат демонстрантите кои протестираа со цел да го урнат тогашниот режим на претседателот Хосни Мубарак, кога страдаа многу луѓе.

„Народот бара праведен суд”, се извикува на плоштадот Тахрир.

Некои демонстранти за Anadolu велат дека ќе седат пред зградата на обвинителството се додека судската постапка против ослободените не се повтори.

Во текот на демонстрациите дојде и до помали инциденти кога се судрија две групи демонстранти.

До судирот дошло поради тоа што некои демонстранти барале смена на функционерот во Советот на Муслиманските браќа, Мухамед Беди.

Би можело да ве интересира

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет