Повеќе од две илјади демонстранти од антикапиталистичкото движење Блокупај го блокираа денеска влезот во седиштето на Европската централна банка во Франкфурт протестирајќи против начините на кои европските лидери се справуваат со должничката криза во Европа.
Под слоганот „Хуманост пред профит“, демонстрантите се собраа блокирајќи патишта вклучувајќи и оние кои водат кон седиштето на Дојче банка во финансискиот дел од градот.
Таа група луѓе која според проценки на полицијата била околу 2.500 била дочекана од вооружена полиција со опрема за разбивање демонстрации покрај кои стоеле и камиони со водени топови.
Демонстранти носеа и плакати на кои пишуваше Војната почнува овде. Европското антикапиталистичко движење Блокупај е формирано по основањето на движењето Окупирај го Волстрит во 2011 година.